Etem Building Systems
Etem Building Systems
Etem Building Systems е водечка компанија во областа на развивањето на архитектонски решенија и системи во склад со природата и потребите на луѓето. Ние ги вреднуваме основните принципи на одржлив развој и развиваме и произведуваме системи во согласност со тие принципи.
Ние тежнееме кон отворена комуникација и дијалог со нашите клиенти. Затоа нашите производи се повеќе од профили и аксесоари.. Тие се искуство кое што на крајот од денот ни дава самодоверба и задоволство токму поради тоа што тоа искуство сме го стекнале при взаемна соработка со нашите клиенти.
Еtem Building Systems е основана во 1971 год како дел од најголемата холдинг компанија во метало-преработувачката индустрија на Балканот. Тимот на Etem Building Systems, кој што брои 1000 вработени во повеќе од 10 земји, е одговорен за дизајнот и производството на различни архитектонски системи и продукти.